easyJet влегува во Македонија ќе летаме Скопје Женева

Вести
Нискобуџетниот авиопревозник easyJet за претстојната зимска сезона влегува на македонскиот пазар, ќе воведе авиолинија помеѓу Женева и Скопје

Од оваа зимска сезона, дополнителна можност за евтина комбинација за скијање кон Алпите, секако и поголеми можности за швајцарските скијачи да не посетат нас.

Според информации, од 1 ноември ќе започнат летовите и првично ќе се изведуваат двапати неделно, секој понеделник и петок, пред да се зголемат на три неделно од декември. Авиокомпанијата не се соочува со директна конкуренција на рутата.

еasyJet ќе биде новата нискобуџетска авиокомпанија што ќе го опслужува скопскиот аеродром заедно со „Wizz Air“ и „Pegasus Airlines“.

Извршниот директор на турскиот ТАВ, изјави дека и покрај тоа што аеродромот е упориште на „ Wizz Air “, има простор за други играчи во земјата.

Previous Post
Las Lenas Аргентина изобличен во неколку дена
Next Post
Од Авганистан се евакуираше единствениот ски клуб