Ekcплозии на Галичица: Пожарот од Албанија премина на територија на Македонија

Вести

Пожарот од Албанија премина на територијата на Македонија, инфомираше денеска првиот човек на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов.

-Карактеристично за овој пожар е тоа што во овие четири дена се слушнати околу 20тина експлозии коишто се предизвикани од неексплодирани мини – гранати, остатоци, најверојатно од Првата светска војна, бидејќи на овој потег се наоѓал и дел од Фронтот. Овие гранати ја загрозуваат безбедноста и на воздухопловите, но и на лицата коишто би учествувале во гаснењето на пожарот поради што состојбата е исклучително вклучителна. Во овој момент гори само сува трева и ниска вегетација и во зависност од правецот на ветрот, кој повремено се менува, овој пожар не се движи брзо кон пошумениот дел, односно во насока на Охридското и Преспанското езеро, рече Ангелов, додавајќи дека пожарот не е сериозен, но е најкритичен.

Претходен написи
Галичица гори втор ден надлежните спијат
Следен напис
Нова сезона од Планинарскиот предизвик „12 Врвови“