Бислимска Клисура – On sight качувачки маратон
Бислимска Клисура е нов спортско качувачки локалитет во село Пчиња, кумановско. По повеќе од 6 месеци интензивна работа на нови насоки, сите љубители на спортското качување и адреналински дружби се поканети на заедничка дружба и посета на овој прекрасен нов локалитет, а целта е да искачат што повеќе насоки on sight (досега неискачени). Маратонот ќе се случи во недела на 18 октомври од 9 часот.