Филмот за првото спрско искачување на Еверест во Кинотека

Вести

На касетите кои 18 години собираат прашина откриен e мистериозен филмски материјал. Исткаени со збунувачки извадоци од дневникот на главниот лик, полека се открива дека винтиџ снимките од вонземските пејзажи, енигматични ликови и опасните околности, се снимени од првиот Србин кој се искачи на Монт Еверест. Достигнување на самите граници на човечките способности и влегување во состојба на бесцелност и длабока загуба, човекот на крајот ги враќа опседнетите спомени кои се движат од апсурдот до мистикот. Неговиот сон за авантура не кулминираше со победнички татнеж, открива еден цитат од неговиот дневник, но заврши со крик на поразените. Во патување кон вечната слава, и назад кон баналноста на секојдневниот живот, тој се промени на начини на кои никогаш не очекувал.

Ова е синопсисот на филмот „4 ГОДИНИ ВО 10 МИНУТИ“ на режисерот Младен Ковачевиќ, кој ќе се прикаже во кинотека на Македонија во рамките на фестивалот „БИОСКОП 300“ на 14.12.2022 во 21 часот.

Филмот се состои од ретро снимки и стари кадри од вонвселенски пејзажи и мистични ментални состојби, снимени од првиот Србин кој се искачи на Монт Еверест. При тоа вплетени извадоци од неговиот дневник кој создава експиремнтална креација и медитација од 17 години, до врвот и назад во баналноста на секојдневниот живот.

Филмскиот фестивал во чии рамки ќе се прикаже филмот „БИОСКОП 300“ е социо-културен проект, чија цел е да создаде мост на разбирање помеѓу заедниците кои живеат во Македонија. Петте проекции кои во два дена ќе бидат емитувани во склопот на овој фестивал ќе делуваат како еден вид на „прозорец“ кон светот на заеднциите. Преку овој „прозорец“ може да се воочат и да се разберат некои од културните аспекти на егзистенцијата на заедниците, што води не само до поголема толеранција, туку и до поголемо вреднување на нивните вештини, обичаи, културни разлики и занаети, посебно во регионот.

Претходен написи
Одбележување на 11 декември ,,Светскиот ден на планината“
Следен напис
Виралните фотографии од снежен леопард во близина на Еверест се лажни