FIS Lecki Ski Cup 2025 Младите во чест на Иван Лесевски!

Вести

FIS Lecki Ski Cup 2025: Младите скијачи во чест на Иван Лесевски! ⛷🏆🇲🇰

Поради неповолните временски услови на домашните ски-центри, на 9 и 10 март, снежните падини на Копаоник ќе бидат домаќини на возбудливото ново издание на Меѓународниот детски натпревар во алпско скијање – Lecki Ski Cup, наменет за младите скијачи во категориите U-14 и U-16. Истовремено, ќе се одржи и Државното првенство во категориите U-8, U-10, U-12, U-14 и U-16 каде најдобрите македонски надежи ќе се борат за титулата национален шампион.

Натпреварот е посветен на Иван Лесевски, доајенот на македонското алпско скијање, кој својот живот го посвети на развојот на овој спорт. Со повеќе од 40 години активно делување, тој беше тренер на јуниорската репрезентација на Југославија, македонската скијачка репрезентација и СК „Работнички“. Неговата стручност и посветеност донесоа историски успеси, а неговото наследство ќе продолжи да живее преку младите генерации.

„Lecki Ski Cup не е само натпревар, туку симбол на традицијата, посветеноста и иднината на македонското алпско скијање. Му оддаваме почит на Иван Лесевски, човекот кој со својата страст и визија го постави темелот на скијањето во Македонија – спорт кој денес го развиваме. Горди сме што, и покрај предизвиците, им овозможуваме на нашите најмлади скијачи да се натпреваруваат во меѓународна конкуренција, да ги тестираат своите способности и да ја носат Македонија напред. Веруваме во овие деца, тие се нашата иднина, идните шампиони кои ќе ги бранат боите на нашето знаме на светските снежни патеки! Посебна благодарност упатуваме до Скијачката федерација на Србија и ски-центарот Копаоник за можноста овие натпревари да се одржат во најдобри можни услови и да им овозможат на младите скијачи вистинско натпреварувачко искуство.“ – додаде Дејан Пановски, претседател на СФМ.

Настанот е организиран од Скијачката федерација на Македонија и Скијачката федерација на Србија

Претходен написи
Лифтовите во Маврово на standby
Следен напис
30% поевтино скијање во работни денови