На 17 и 18 февруари 2026 година, на Ски Центар Копанки – Пелистер, се одржаа FIS Rail Event и Националното првенство во сноуборд, во организација на Фристајл Клуб 047. Натпреварите беа дел од официјалниот календар на Меѓународната скијачка федерација (FIS) и се реализираа на специјално подготвени елементи за оваа дисциплина каде натпреварувачите демонстрираа технички трикови, стил, спортски перформанси.
Од домашните натпрерувачи, Слободан Саздовски и Ангела Ристевска се пласираа на подиум.
Во детската категорија најголемо внимание привлече Алексеј Крстевски, кој одлично парираше со повозрасните натпреварувачи.
И покрај тоа што настанот беше во текот на работна недела, учествуваа домашни и регионални натпреварувачи од Грција и Србија.
Организаторите со благодарност до Ски Федерација на Македонија, Хотел Молика, ски центарот Копанки, Национален Парк Пелистер и Маунтин Солушнс Пелистер како верни партнери во реализацијата на настанот..
Фристајл клуб 047 продолжува со својата мисија за развој на ски и сноуборд сцената во Македонија, промоција на младите таленти и позиционирање на земјата на меѓународната фристајл мапа.







