Француски Decathlon влегува во Македонија

Вести
1 Comment

Добро познатиот трговски ланец меѓу планинарите, велосипедистите, скијачите, францускиот Decathlon влегува на пазарот во Македонија, а подготвките за овој процес се веќе започнати. Влезот на Decathlon во земјава ќе се реализира преку три фази.  Првата фаза вклучува скенирање на пазарот и избор на локации за продавници и таа е веќе започната. Втората фаза ќе биде изградба на објекти. И третата фаза ќе биде отворање на објектот и скенирање на пазарот за проширување на мрежата. 

Првично планирано е компанијата да влезе со еден продажен објект лоциран во близина на Скопје, планирано е најдоцна за три години компанијата да биде присутна на пазарот во Македонија. 

Компанијата Decathlon e основата во 1976 година во Франција. Во моментов има 1600 продавници во 69 земји ширум светот, а меѓу нив се оние во соседството, во Србија, Бугарија и Грција. Decathlon во моментов брои повеќе од 100 илјади вработени. Брендот се прослави по висококвалитетна опрема и облека за планинарење, велозипедизам, лови и риболов по популарни цени.

Previous Post
Мисија 14 врвови – Ништо не е невозможно
Next Post
Ќе дојде ли студот многу порано годинава?

1 Comment.

Comments are closed.