Французинот Pinturault пренесен со хеликоптер по излетување во super-G

Вести

Екс светскиот шампион Alexis Pinturault заврши со искинати вкрстени лигаменти откако претрпе тежок пад на трката од Светскиот Куп во Super G во Петокот додека го бркаше резултатот на Cyprien Sarrazin на историскиот Lauberhorn спуст во Wengen.

Со еден кикс на Silberhorn скокот пред финалната делница падна и лизгаше околу 50 метра. Стујардите на патеката го покрија Pinturault да го загреат чекајќи го хеликоптерот и трката беше прекината на 25 m. Победникот Cyprien Sarrazin пак изјави за швајцарска телевизија: “Знаевме дека е при свест и дека тоа е најважно”.

Куриозитетот е што 32 годишниот Pinturault кој е родум од Courchevel и неговата сопруга Romane пред една недела добија ќерка во швајцарскиот главен град Берн. Инаку неговата сопруга патува со него како дел од неговиот тим а во врска со односи кон медиумите.

Pinturault Pinturault (32г) кој е без поголем успех до сега во Wengen беше победник во генерален пласман во 2021г а со вкупно 34 победи во кариерата на Светскиот Куп сезонава се фокусира на спустот и повеќе не скија слалом.

Само тројца скијачи – Marco Odermatt, Aleksander Aamodt Kilde и Vincent Kriechmayr имаат комбиниран скор од 20 победи од Декември 2020.

Odermatt беше втори во Петокот зад Sarrazin, додека Kilde со 1 секунда заостанување на трето. Истава тројка беше на подиумот и на спустот во Четврток, каде Odermatt ја освои својата прва победа на Светскиот Куп во оваа дисциплина. Odermatt е лидер во генералниот пласман во Светскиот Куп.

Претходен написи
Скијање март Les2Alpes Франција
Следен напис
Деца подготовки за првото скијање