Германија притска да се затворат ски центрите за Божиќ

Вести

Како се ближат Божиќните празници во Европа, односите меѓу земјите во унијата заладуваат по прашање на скијањето.  

Германија бара координиран европски пристап во рамки на унијата за затворени ски центри за да се спречи ширењето на корона вирусот. Меѓутоа, да се постигне договор со Австрија е предизвик како што индицираше Канцеларката Меркел.”Се трудиме да дојдеме до договор во Европа” изјави Меркел пред парламентарците во пресрет на ски сезоната.

Некои планини се отворени за скијање во Швајцарија и Шведска, но со одредени рестрикции. Меркел ги повика германците да останат дома за празничната сезона. “За жал не можеме да ветиме олеснување на мерките за Божиќ и Нова Година,” иако собири до 10 луѓе се дозволеми во периодот помеѓу 23ти Декември и 1ви Јануари.

Германците бараат на ниво на Европска Унија “ски туризмот да не се дозволи до 10ти Јануари.”

За време на првиот бран, стотици инфицирани беа лоцирани назад до ски центрите во Австрија, а многу Германци причината ја пронајдоа токму во австрискиот центар Ischgl.

Ischgl и околните села привлекуваат окулу 500,000 посетители секоја зима вклучително и висок профил гости и џет сетери.

“Значи едноставно не можеме да имаме класични зимски одмори годинава,” изјави баварскиот Премиер Söder. “Ќе биде лошо доколку по Божиќните одмори продолжат да растат бројките на заболени заради ски авантурите.”Söder предупреди дека ЕУ треба да има унифициран пристап за претстојната скијачка сезона.

Швајцарија сака да остави добар пример

Доколку ЕУ воведе забрани, Швајцарија ќе има суфицит на туристи и ќе треба да спроведе ограничувања за бројот на посетители. , со поглед на врвот Matterhorn, во очекување е на туристи, а за нив престојната сезона изгледа светло според градоначалникот Romy Biner-Hauser. Швајцарија чини се што е во нивна можност за да овозможи безбедни зимски празници за посетителите. Новата реалност е социјална дистанца, намалените редици и обврската за носење маска на ски автобусите како и лифтови и гондоли. Нема apres-ski во Швајцарија во моментов иако рестораните ќе се отворат по 13ти Декември. Согласно Biner-Hauser , другите центри треба да учат од примерот на Zermatt.

“Не е само скијањето – зимските празници се и за друга разонода, за луѓето да ги наполнат батериите и земат малку свеж воздух и планинско сонце. На луѓето им треба одмор и планина.”

Нема скијање во Франција за Божиќ

Во врска со скијачките центри во Франција, ситуацијата со пандемијата не дозволува целосно отворање за работа на центрите за време на Божиќните празници, но се разбира истите тие центри ќе бидат отворени за посетителите кои не скијаат, а можат да уживаат на свеж воздух. Продавниците ќе бидат отворени освен барови и ресторани.”

Претседателот Emmanuel Macron предупреди дека во фазите за спречување на ширењето на вирусот е да ски центрите бидат затворени за Божиќните празници.

“Многу подобра опција е да отвориме во Јануари во подобри услови. Да се добие безбедна  вакцина е моментот за пресвртница на моменталната ситуација во борба со  пандемијата.

Италија во обид да ги отвори ски центрите дури на 10ти Јануари.

Според италијанскиот премиер Conte зимската сезона треба да се решава на “Европско ниво и за тоа разговарал со Merkel, Macron и Претседателот на Европскиот Парламент Charles Michel.

Conte ова го квалификува како “Европски проблем” со цел да се спречи третиот бран, а доколку Италија ги затвори своите ски центри тогаш треба да се спречи и можноста од посета на соседните центри во Австрија и Франција од каде може да се пренесе заразата.

Австрија е главна опозиција за спроведување на мерки.

Министерот за финансии на Австрија е загрижен поради широкиот план на ЕУ кој ја опфаќа и скијачката сезона. Патеките на Австриските Алпи се отвораат сезонава, но во зависност од центар до центар има различни мерки.

Токму Министерот за финансии на Австрија Gernot Blümel покажа загриженост за тоа каква закана е пандемијата за зимскиот туризам инсистирајќи да ЕУ ги компензира земјите кои ќе ги затворат ски центрите за време на Божиќните празници.

“Ако Европската Унија специфицира дека треба да се затворат ски центрите тогаш тоа значи загуба претвроена во близу две милијарди евра. Доколку Европската Унија навистина го сака тоа, тогаш треба да плати за тоа Blümel вели” Австрискиот Канцелар Kurz објави уште во септември дека  скијачка сезона ќе продолжи само што ги забрани apres-ski забавите.

Најново: во Австрија ќе има скијање за Божиќ , денес објави Sebastian Kurz но само за Австријците. Од 7ми Декември до 10ти Јануари стартува обврската за карантин од 10 дена за странски посетители. Ова е одговорот на Kurz кон Angela Merkel и Giuseppe Conte: практично за италијаните и германците нема да има скијање во Австрија за празниците..

Според властите , оваа мерка е неопходна за да не се повтори Ischgl кој стана најлошото жариште минатата зима во Европа.

Австриските власти се соочуваат со правни мерки за тоа како се справија со пандемијата по жариштето кое се појави во Ischgl минатата сезона. Секоја втора резервација во зимската сезона во земјите од ЕУ е во Австрија а туризмот е 15% од бруто домашниот производ на Австрија.

 

 

Претходен написи
Владата одлучи ски центрите да работат
Следен напис
Викендов конечно брзите дисциплини SUPER-G во St.Moritz