По долги години неактивност базенот во Монтана Крушево реновиран и функционален

Вести

По долги години неактивност базенот во хотелот Монтана и Крушево е реновиран и реактивиран.

Хотел Монтана Палас беше изграден далечната 1973 година во Југославија како државна компанија. Преставува лендмарк на градот Крушево, и минатата година прослави 50 години.

Содржините со кои располагаше хотелот уште од самите почетоци го рангираа Монтана високо на листата на туристички услуги. Тоа беа уште во тоа време модерна конференциска амфитеатар сала, базенот, пропратните забавни содржини.

Денес е неколкукратно оплеменет. Пред неколку години доби нов управител, во чија сопственост се и ски центарот Станич и хотелот Панорама. Со својот нов менаџмент постојано ја развива и унапредува туристичката понуда во највисокиот град на Балканот. Изминатата година беше извршено целосно реновирање на ресторанот, барот, лобито, беа воведени нови содржини за најмладите, нова тераса со поглед на Крушево како и целосно опремување и реновирање на хотелските соби.

Целта на новиот управител е да го развие Крушево како 365 дена дестинација, активност преку целата година и да допре до сите кои сакаат активен туризам како скијање, параглајдинг, планински велосипедизам, планинарење, риболов или јавање коњи.

Конфернциските сали во хотелот се адаптирани за настани од 10 до 300 гости и во комбинација со адреналинските атракции е идеално место за тимбилдинг.

Претходен написи
Зголемена посета на странски туристи