Илина Арсова добитник на 13-Ноемвриска награда

Вести

Илина Арсова е добитник на 13-Ноемвриската награда за спорт која ја доделува Град Скопје. Наградата ја доби, како признание за спортските достигнувања во планинарството и искачување на седумте највисоки врвови на седумте континенти.

“Секако оваа награда им припаѓа на моите родители, бидејќи дисциплината и навиките за спорт потекнуваат од дома.
Воедно, ова е прва државна награда на жена од планинарските спортови, нека ни се множат. Благодарност до Федерацијата за планинарски спортови, градот Скопје и вам драги пријатели за искрените честитки.” изјави Илина за наградата.

 

Претходен написи
НОВИ МЕРКИ ЗА ПЛАНИНАРСКИ АКЦИИ
Следен напис
Додека ние се мислиме регионот стартува со скијање