Што треба да очекуваш
За почеток – еден повик од срцето на Македонија:
• Не одиме по патеки кој ги трасирале други. Одиме по нашите, изгазени со чекор што одекнува низ вековите. Одиме по трагите на храбрите – по шумите кај се криеле ајдути, по височините каде се донесувале одлуки за слобода, по долините каде што ечеле зборовите „ слободна Македонија”.
• На оваа патека не газиме само по земја, туку по спомени.
Под овие гранки и над овие врвови некогаш врвеле комити, војводи, ајдути – луѓе што не познавале страв, што ја носеле Македонија не во декларации, туку во срцето, во пушката, во погледот. По овие стрмнини минувал Гоце Делчев, низ овие густини чекорел Јане Сандански, и овде – на Осоговието – Никола Карев го дал својот последен здив, прегрнувајќи ја татковината со крв, а не со зборови.
• Ова не е само планинарење.
Ова е марш по патеки на достоинство. Ова е наш поклон пред сенките на тие што не` сонуваа слободни. Секој чекор што ќе го направиме ќе биде повеќе од движење – ќе биде одек на ехо од борба, љубов и тишина што зборува погласно од историјата. Оваа патека е вистински предизвик – планинарски средно тешка, наменете за оние што сакаат да го почуствуваат Осоговието во секоја клетка од телото и душата.
• Ова е повик. Повик за сеќавање, за почит, за враќање кон себе. Да чекориме заедно – низ природата, низ историјата, низ Македонија.
Опис на акцијата:
• Планинарскиот настан започнува на регионалниот пат R 2232, два километри над Злетово во правец на брана Кнежево, каде што има асфалтиран пат до стартната точка од 540 м.н.в. Движењето се одвива по нискостеблеста маркирана патека од Осоговска трансверзала ( I-5 ), дел од “sammiana” Бесконечна Македонска Трансверзала.
• Маршута води по убава планинарска патека покрај селското гумно и продолжува со кратка пауза на комитско игралиште, од каде се отвара прекрасен поглед на околината . Потоа се продолжува кон с.Ратковица и Комитски камен. Од таму следува најтешкиот дел од турата – стрмно искачување од 180 м висинска разлика на должина од 500 метри до највисоката точка – Раткова скала ( 1250 м.н.в ).
За оние кој не сакаат да ја искачат Раткова скала, постои алтернатива патека која води дирекно до Шталковскиот водопад, каде повторно се приклучуваат со останатите.
• Спуштањето продолжува низ букова шума кон Стара река, а потоа по широк земјен пат кон с. Ратковица. По пат се минува покрај Орлово крило и се среќаваат остатоци од уништени куќи од османлискиот период. Последниот километар е спуштање по камена патека малку стрмна.
Технички податоци:
• Вкупно должина 19 km
• Вкупно висинска разлика 1080 m
• Тип на патека: Кружна ( со краток дел од ~700 м што се спојува и патеката на GPS излегува како знакот за бесконечност).
• Тежина: Средно тешка
• Вода има на две места: на почетокот на 1,5 км и во с. Ратковица.
Забелешка: Не е погодна за почетници.
Опасности:
– Внимателно седнување на паузите опасност од крлежи и вчечуги.
– Внимателно искачување и спуштање на сајлата од 8 метри, слушајте ги инструкците од водичите.
-Внимателно газење на врвот кај пчелката, кога ќе се фотографирате внимавајте на сајлата која ја држи пчелката вертикалниот пад е 183 метри, не пробувајте ништо сами!
– При симнување на последниот километатар не брзајте, избегнувајте да ги згазнувате камењата можно пролизгување.
Потребна опрема:
– психофизичка подготвеност за пешачење во пролетни услови.
– високи разгазени чевли.
– слојна облек која штити од сонце, наочари, бандана, фактор, капа.
– планинарски стапчиња
– батериите на телефоните 100% полни.
Цена и пријавување:
– За сите друштва членки на ФПСМ е бесплатна.
– Доволно е да ја сакаш планината, и да сакаш да поминеш ден во природа со позитивни луѓе.
Пријавување:
Митко: 078 481 710
Андреј: 070 220 422
Мартин: 072 246 244
Исхрана:
– Секој си носи исхрана од ранец
– Вода 2 л.
– суво овошје, барови, овошје, сендвичи…
Водичи на акцијата:
• Лиценцирани планинарски водичи од СПД Пробиштип,Sammiana, I love hiking .
Внимание:
• Секој учесник е должен да ги почитува правилата и насоките на организаторот и водичите, во спротивно сам е одговорен за несаканите последици.
• Оваа планинарска акција се организира и движењето се одвива во група предводена од организаторот и водичите!
• Организаторот и водичите имаат право да исклучат член пред стартот на акцијата доколку не ги исполнува наведените услови и не ја поседува наведената планинарска опрема за предвидената акција.
• Секој може да биде исклучен од групата поради недолично однесување.
• Организаторот и водичите го задржуваат правото на измена на термините и редоследот на акцијата во зависност од временските услови и останатите технички препреки.