Исклучени Северноамериканските трки од Светскиот куп во Алпско скијање

Вести

Поради загриженоста за здравјето и безбедноста во врска со патувањето за време на пандемијата „Ковид-19“, Меѓународната скијачка федерација соопшти дека ги откажува сите трки од Светскиот куп во Северна Америка, за следнава сезона.

Тука спаѓаат машките и женски трки во Lake Louise, Killington, Vail и Beaver Creek. Светскито куп во Алпско скијање планира да се врати на овие патеки од северно американскиот континент дури следнат сезона 2021/2022 година.

“Северноамериканските трки се секогаш посебни за целата турнеја на ФИС во Светскиот куп и многу сме разочарани што не можевме да изнајдеме начин да ги имаме на овогодинешниот календар“, рече генералниот секретар на ФИС, Сара Луис.

Сè уште посветени на целокупнaта нова сезона од светското првенство, прелиминарниот план е наместо овие трки да се одржат неколку настани во Val d’Isere, St. Moritz, и Courchevel.

„Организаторите и Националните ски асоцијации ни овозможија одлични планови за здравје и безбедност со цел да ги организираме настаните и беа подготвени да ги организираме трките“, рече Питер Гердол, главен директор на женските трки во ФИС. „Но, на крајот на краиштата, логистиката вклучена во патувањето од Европа и меѓу двете земји, како и вклучените карантини, го прави премногу непредвидливо да се осигура дека спортистите би можеле да учествуваат на натпреварите“.

Ревидираните календари ќе бидат одобрени по техничките состаноци на ФИС од 30 септември до 2 октомври.

Претходен написи
Голем пад на патничкиот сообраќај
Следен напис
Каде има скијање во септември?