Италија Cervinia со 200 милиони до нова инфраструктура

Вести

Италијанскиот ски центар Cervinia се спремa да инвестира во нова гондола и околна инфраструктyра вредна 200 милиони евра. Дотраените гондоли кои префрлаат од другата страна на границата ќе бидат заменети со целносно нови системи. Дел од финансиите , околу 70 милиони евра ќе бидат обезбедени од богатиот автономен регион Aosta ,  а остатокот ќе бидат инвестиции од самиот ски центар. Амбициозниот проект носи назив “Cervino The One”

Проект со додадена вредност и за Zermatt 

Бројките за планираната жичарница се импресивни. Вкупното време на патување ќе се намали од 50 на само 17 минути. Лифтот долг шест километри ќе покрие дополнителни 1.400 метри зголемување на надморската височина. Со 56 кабини, секоја со 24 седишта, „Cervino The One “може да транспортира 3.000 скијачи на час. За таа висока цена, природно ќе добиете малку луксуз. Гондолите се опремени со греени кожни седишта. Исто така, постојат внатрешни скијачки држачи и мултимедијални екрани.

Пред две години беа врзани Cervinia со Matterhor Glacier Paradise со што беше обезбедена целогодишна скијачка услуга за овие ски центри.

Претходен написи
Босото одење го развива мозокот кај децата
Следен напис
UTMB Chamonix победник Tom Evans 19:18:58 165 km