Јахорина добива SnowFactory

Вести

Олимпискиот центар Јахорина продолжуваат со инвестиции, се комплетираат за да го понудат на скијачите најдоброто зимава.

Во новата зимска сезона дел од скијачките патеки ќе добијат систем за правење снег поврзан со новоизградениот резервоар за вода со капацитет од 30.000 метри кубни. Се најавува изградба на SnowFactory, најсовремен систем за правење снег кој произведува вештачки снег под сите услови, без разлика на температурата на воздухот. Системот за вештачко правење снег SnowFactory ќе им даде на скијачите на Јахорина дополнителна доверба во снегот во текот на целата зимска сезона.

SnowFactory е идеален додаток на традиционалниот систем на вештачко правење снег, со чија помош е можно да се произведува вештачки снег во секое време од годината. Во зависност од капацитетот, системот SnowFactory се движи од мобилни верзии до големи проекти кои произведуваат до 1.000 кубни метри снег дневно.

Специјалните машини кои произведуваат снег кога надвор е плус доживуваат еден вид ренесанса во продажбата низ светот. Овие машини постојат околу 20 години на пазарот во различни форми и најчесто беа користени за правење на снег на настани во урбани средини и надвор од ски сезоната. Функционираат независно од временските услови надвор, температура, ветар, водата со која се храни машината итн. Снегот се произведува во затворени контролирани услови и излегува надвор како готов производ, со зголемена компактност и отпорност на брзо топење.

Претходен написи
Отвара глечер зоната на Kaprun
Следен напис
Mечка на автопатот Тетово-Скопјe