Талентираната Јана Атанасовска запиша нов најдобар успех во историјата на македонското женско скијање

Вести

Талентираната македонска скијачка, Јана Атанасовска (17), го подобри сопствениот рекорд од минатата сезона и запиша нов најдобар успех во историјата на македонското женско скијање.

Таа на првата ФИС трка во дисциплината слалом на 18 декември во Хохфуген (Австрија) освои 51.70 ФИС точки со кои постави најдобар личен успех во досегашната скијачка кариера, а во второто возење заостана само 0,33 стотинки зад првопласираната Ноа Сзолос, која е учесник на Европскиот и Светскиот куп.

Атанасовска на трката која се одржа на 20 декември успеа да освои 47.90 ФИС точки кои нејзиното име го запишаа со златни букви во историјата на македонското женско скијање.

Второто возење од истата трка го заврши со задоцнување од 1,02 секунда после американката Лила Лапања, која е натпреварувач на Европскиот и Светскиот куп.

Претходен написи
Мирко Лазарески со НАЈДОБАР резултат досега!
Следен напис
Снежен бран и освежување на ски патеките