Од националниот парк Пелистер известија дека на локација позната како “Ловечка” на 2000мнв во тек се активности за рушење на стариот објект кој беше опожарен во ноември 2021 година. Опожарениот објект претставуваше ризик по безбедноста на сите минувачи, а честопати од несовесните посетители на Пелистер се користеше како место за одлагање на отпад.
На истата локација во скоро време ќе започнат активности за изградба на нов објект кој ќе служи за логистика , противпожарна заштита, видео мониторинг на видови и поставување на метеоролошка станица.
Новиот објект ќе функционира и како модерно засолниште за сите посетители, планинари во таа зона на НП Пелистер, како и претходниот.

