Центарот има работно време секој ден од понеделник до недела, од 9 – 16 часот. Зависно од интензитетот на посетители на почетокот на денот, лифтовите се адаптираат да бидат активни порано или подоцна во текот на денот. Цената на дневна ски карта изнесува 500 денари.
Во рамките на центарот има можност за изнајмување на скијачка опрема, центарот располага со угостителски објект, дежурна медицинска служба.
Заради севкупна безбедност во сообраќајот , за пристапот кон центарот задолжително користете возила со зимска опрема и зимски гуми.
Следете го амбиентот во живо