Кои се водечки ски центри на јужната хемисфера?

Вести

Кои се најдобрите скијачки центри на јужната хемисфера?

Јужната хемисфера е дом на разновидна колекција од светски познати скијачки центри, кои нудат неверојатен спектар на искуства, без разлика дали се на Андите, јужните Алпи на Нов Зеланд, или југоистокот на Австралија. Далеку од високиот комфор на евроспките ски центри, но сепак во рамките на светските стандарди. Од големи надморски височини, исполнети со powder, чилеанските Анди до широко отворени снежни игралишта во Нов Зеланд, јужната хемисфера има по нешто за секого.

Ако сакате афтентично доживување и бегство од летото на северната хемисфера, овие одморалишта нудат совршено студено бегство.

Valle Nevado, Chile

Сместен на Чилеанските Анди, 90 минути возење од Сантијаго, најголемиот скијачки центар во Јужна Америка, Valle Nevado. Познат по своите легендарни денови за powder и просечни 680 см снежни врнежи годишно, Valle Nevado е еден од најдобрите скијачки центри на јужната хемисфера по количина на снег. На 3000 метри надморска височина во својата подножје, нуди неверојатно скијање на голема надморска височина, со снег и големи бури кои се речиси загарантирани за време на секое патување. Ги задоволува сите нивоа вештини, особено познат по широко отворени скијачки патеки, тазе снег и хели-скијање до зафрлените предели. Одморалиштето со сместување ski in ski out, жива атмосфера и модерен систем на лифтови, привлечен за многу скијачи и сноубордери.

Thredbo, Australia

Thredbo е скијачки центар во New South Wales, познат по најдолгите патеки и највисок вертикален пад во континентална Австралија. Со еден пад долг 700 метри и патека долга 5,9 км, скијањето по Thredbo сигурно бара нозе од челик. Со 1.186 хектари погодни за скијање и над 50 патеки, Thredbo нуди различни нивоа на патеки погодни за секој скијач и сноубордер. Со 180 см снежни врнежи годишно, а 25% од планината е покриена со снег, штом ќе дојде првиот ден, се чувствувате како да влегувате во средината на зимата. Центарот има населба во европски стил со ресторани, барови, продавници и одлична сцена по скијањето, сето тоа овозможено благодарение на неговата гондола директно од селото до ски патеките.

Portillo, Chile

Скијачки центар од светска класа, познат по своите стрмни патеки и како еден од најстарите во Јужна Америка. Беше домаќин на Светското првенство во алпско скијање во 1996 година, Portillo го сфаќа скијањето сериозно. Големата надморска височина на Андите помага снегот на планината да се зачува долго низ сезоната. Со драматични погледи на аргентинските и чилеанските Анди, е вистинско задоволство за окото. Типично отворен од средината на јуни до почетокот на октомври, има една од најдолгите сезони на јужната хемисфера. За разлика од Valle Nevado, Portillo е многу порустичен и попријатен одморалиште, со помалку опции за сместување и без брзи лифтови. Portillo нуди уникатно скијачко искуство, каде што можете да скијате во близина на прекраснато езеро, лендмарк Лагуна дел Инка. Со надморска височина од 2800 метри и врв од 3.310 метри, квалитетот на снегот е неверојатно сигурен каде планината е полна со богата историја, шарм и елеганција. Нуди еден од најстрмните терени во Чиле, нешто со што треба да се занимаваат само експертите.

Mt. Hutt, New Zealand

Постојано рангирана како една од најдобрите ски зони во Нов Зеланд, планината Хат е позната по својот квалитет на снегот и терените без оглед на нивото. Со 900 хектари погодни за скијање, четврта најголема планина во Нов Зеланд, нуди разновидни патеки, со база на 1.450 метри и највисока станица од 2.100 метри, вертикален пад од 650 метри, што е еден од најголемите на островот. Квалитетот на снегот е познат како најсигурен во регионот поради релативно големата надморска височина, но секако и географската местоположба каде не им требаат големи висини за добар снег. Сместена во опуштена околина, со неверојатна култура après и силен фокус на семејствата и заедницата, планината Хат е совршена скијачка дестинација за секого.

Las Leñas, Argentina

43.000 хектари погодни за скијање, Las Leñas е совршено игралиште за секого. Длабоко во Андите, Las Leñas познат по широко отворени долини и стрмни кулоари, што го сместува на листата на желби за експертите во фрирајд. Тој е дом на огромен број пионери во фрирајд, кет-скијање и скијање во дивина. Важно е да се напомене дека во повеќе од 17.500 хектари погодни за скијање е вклучен терен погодно за скијање без лифт. Одморалиште за експерти скијачи, каде што можете да поминете цел месец на планината, а сепак да имате нова линија за секој ден. Las Leñas има различни опции за сместување, ноќниот живот е неверојатен, спој на традиционална аргентинска култура со меѓународен шарм.

Perisher, Australia

Дел од New South Wales, Австралија, омилен меѓу локалното население и туристите. Со четири меѓусебно поврзани скијачки области е најголемиот скијачки центар на јужната хемисфера, базиран на терен за скијање со лифт. Географски, австралиските одморалишта се на пониска надморска височина од оние на места како Нов Зеланд и Чиле, што им дава голема неповолна положба кога станува збор за квалитетот и квантитетот на снегот. Сепак, Perisher има обемен систем за правење снег, што им помага да останат отворени од јуни до почетокот на октомври, дури и на толку ниска надморска височина од само 2000 метри на врвот. Perisher е популарен меѓу семејствата и фрирајдерите, со различни тешкотии на теренот и опции. Perisher е извонредна дестинација за ентузијастите за зимски спортови кои бараат забавна, достапна и снежна авантура во високите предели на Австралија.

Treble Cone, New Zealand

Treble Cone, сместен веднаш до прекрасниот град Wanaka од Јужниот Остров на Нов Зеланд, е познат по прекрасни алпски погледи, стрмен терен и репутација како врвна скијачка дестинација за напредни скијачи и сноубордери. Како најголема скијачка област на Јужниот Остров, Treble Cone има над 1.359 хектари и вертикален пад од 700 метри, што го прави омилен за оние кои бараат долги, непрекинати природни патеки за фрирајд. Центарот е со спектакуларен поглед на езерото Ванака и Јужните Алпи, модерни куќо и инфраструктура, како и лесен пристап од градот, Treble Cone вклучува терен од светска класа со опуштениот шарм на Нов Зеланд.

Претходен написи
Интензивирање на туристичкиот промет од западноевропските пазари