Фестивалот на планински филм Ехо и продавницата за опрема за аутдор спортови Outdoor.mk, Ве покануваат да учествувате на овогодинешниот Конкурс за најдобра планинска фотографија!
👉 Конкурсот започнува денес, а ќе трае до 15ти октомври.
Целта повторно, исто како што беше и во минатите години, е да Ве поттикнеме, инспирираме, охрабриме – да ја споделите и Вие Вашата приказна преку Вашите најубави и најинспиративни моменти кои сте ги имале во планината, во природата – претставени преку Вашите фотографии на најразлични теми: планински спортови и рекреација, пејзажи, планинска флора и фауна, живот во планина, изгрејсонца, зајдисонца, насмевки… И секако преку нив, да не’ инспирирате и нас, па штом заврши овогодинешното издание на Ехо – сите на планина!!!
Добредојдени се фотографии од планини од сите меридијани: како од нашите прекрасни македонски, за кои преку Вашите фотографии низ претходните години, си потврдуваме колку малку ги познаваме, така и од било каде во светот, каде патуваме, истражуваме, уживаме…
📍 Жирито оваа година го сочинуваат: Кети Талевска Бакревска, Горан Кузмановски и Димитар Чунговски.
👉 Конкурирање: Eден автор може да конкурира со најмногу 2 фотографии и својата апликација треба да ја достави преку официјалниот е-маил на Ехо за таа намена: fotokonkurs@ehofilmfest.mk
👉 Апликација: Покрај фотографијата, во мејлот јасно треба да биде напишано името и презимето на авторот, насловот на фотографијата, а по желба на авторот и краток опис за фотографијата/фотографиите со кои аплицира…
За фотографиите: Големината на фајлот да не е поголема од 20Мb. Фотографиите не смеат да бидат помали од 1600 пиксели во ширина ако се хоризонтални или 1600 пиксели во висина ако се вертикални и не смеат да содржат никакви жигови и логоа…
👉 Тек на конкурсот: Сите пристигнати фотографии, ќе бидат објавувани во заеднички албум на Фејсбук профилот на Фестивалот – за наше уживање, инспирација и загревање за Фестивалот! Краен рок за праќање на фотографии е 24 часот на 15ти октомври.
Повеќе инфо ќе може да се најде на ЕХО Фестивал на планински филм