Пред десетина дена заврши зимската сезона во нордиското скијање трчање за Ставре Јада.
Сезона во која Јада реализираше неколку видливи резултати имајќи во предвид дека немаше снег и значителен број трки беа откажани.
На почеток на сезоната во декември на Европски куп во Франција (Бесанс) во конкуренција од 99 мажи од сите европски алпски земји го освои 20 место што беше доста добар резулата за Јада. Потоа дојде солидниот резултат во Давос на светски куп, а февруари и март месец беа резервирани за Балканот каде на финишот на сезона успеа да дојде до 5-тото место на Балкан Куп во генералниот пласман за 2022/23 год.
На почетокот од сезонава стремежите беа првите три места на Балкан купот, но на крајот како што изјави, задоволен е и со петто место.
”Оваа сезона втора под водство на тренерот Борче Јованоски зад мене оставив и можеби најдобрата летна сезона со 11 победи на 12 летни ролер ски трки, моментално ги имам најдобрите фис поени од постоењето на Нордиското трчање во Македонија односно 51 фис поен.” изјави Ставре Јада
”Што се однесува до поддршката би изразил благодарност до Скијачката федерација за поддршката во тек на цела сезона, благодарност до Агенцијата за млади спорт, Олимпискиот Комитет. ” изјави Ставре Јада
Паузата за одморот кој е планиран за почетокот на април измина, па од 5ти Април, Ставре се врати на тренинзите на суво, односно (трчање, планинарење, фитнес, возење точак), подготовки кои најчести се одвиваат во неговиот град и родниот крај, историското Крушево.
За крај ”Следната сезона се надевам на далеку подобри резултати од оваа затоа што мотивацијата ми е на највисокото можно ниво. ” изјави Ставре Јада