КУКУЉЕ ГЕОМОРФОЛОШКИ ФЕНОМЕН

Вести

Автор на текстот и на фотографиите: Професор Дарко Оносимоски

Македонија изобилува со прекрасни локации кои ги будат сите човечки сетила и фасцинираат со својата убавина.  Пијанечкиот регион крие многу интересни уникатни релјефни форми кои го одземаат здивот со својата мистериозност.

Едно од најфасцинантните форми на релјефот се уникатните столбови кое локалното население ги именува со терминот кукуље. За овие уникатни релјефни форми се испреплетени многу  приказни и легенди кои го одразуваат богатиот народен дух на населението од овој крај. Распоредот на столбовите гледани од дистанца оставаат впечаток како да гледате во некој стар запуштен замок од некоја филмска сцена.

 Локалитетот кукуље е лоциран во подножјето на врвот Бајаз Тепе кои се наоѓа на планината средна. Ова скриено  мистериозно и уникатно дело на природата се наоѓа помеѓу  Делчево и Пехчево.  Високите камени форми на планината Средна нема да ве остават рамнодушен, бидејќи местото изгледа необично и мистично.

Според авторот на овој текст и малкуте туристи кои го посетиле овој просторот, велат дека тоа е идеално место за викед посета. Доколку решите кукуљето да биде ваша следна дестинација за овој викенд, мора да ве информираме како до таму да стигнете .

Посетата на ова ремек дело на природата може да се реализира доколку се упатите на регионалниот пат Делчево-Пехчево, при што кај селото Нов Истевник се скршнува на запад и по тесен асфалтиран пат се стигнува до селото. Од селото Нов Истевник по планинарска обележана патека се искачувате по блага висина низ борова шума, после половина час пешачење ќе пристигнете до отсек со длабочина околу 60 метри, каде ќе налетате на земјените кукли. Растојанието од Селото Нов Истевник до кукуљето изнесува околу 1,5 km. Кординатите на оваа локација се 41°50’59.35″N 22°49’33.31″E

Според дел од посетителите кои ги посетиле овие специфични релјефни облици ги ставаат во исти ранг според атрактивност на оние камени кукли во селото Куклица, несомнено е дека овој локалитет допрва треба да биде откриван истражуван од погелемиот број љубопитни туристи во нашата земја и пошироко.

Просторот околу локалитето е уреден и одличен за планинарско рекреативни туристички посети. Доколку се чуствуваат физички подготвен може да продолжите од локалитето кукуле кон највисокиот врв на Средна планина. Врвот Бајаз тепе (1348m) е највисок врв на Средна планина, кој е честа локација за планинарите од источниот дел на Р.Македонија Одлично е тоа што денес, целиот простор е обележан со информативни табли, патокази и  располага со неколку видиковци.

Планината средна е место каде освен уживањето во уникатните каменести кукли, нуди можности за релаксација и фотографирање на убавата стара дабова шума,  богатиот растителен и животински свет. Во непосредна близина до самите кукли има одличен зарамнет дел кои може да биде искористен за кампување и престојување во непосредна близина на овој локалитет. Куриозитет е тоа дека овде во подножјето на средна планина во селото Нов Истевник се наоѓа првата фарма за одгледување на магариња во нашата земја.

Недоволната промоција на гео морфолошките формации и доскорашното немање соодветна сигнализација се дел од причинита за недоволната валоризација на кукуљето. До сега ова местото беше честа дестинација само за мал број планинарски спортски друштва од источниот дел на земјава и  дел од научните работници и авантуристи. Со поголема промоција, ова место би можело да биде многу повеќе посетувана викенд туристичка дестинација.

Со милениуми природата ги извајала овие скулптури кои  денес налекуваат на митски суштества, скаменети луѓе, птици, печурки, различни животни или интерпретацијата често е условена  од имагинацијата на човекот кој ги перцепира. Локалитетот настанал со силна ерозија на почвата  поради вулканската активност пред повеќе милиони години. Највечето кули имаат капи од анденизт кои ги штити од понатамошни одрони. Вкупниот број на земјини пирамиди изнесува околу 50-тина со средна височина од околу 15 m.

За овој локалитет се поврзани многу народни преданија, една од нив е дека на ова место имало свадба помеѓу едно момче од село Истевник и една девојка од село Тработивиште. Сватовите со невестата тргнале од  село Тработивиште кон село Нов Истевник и според локалните обичаи испратиле пред нив две момчиња со трчање да однесат абер кај родителите на момчето  дека доаѓаат сватовите. Попатно момчињата пресретнале еден стар човек кој наликувал на просјак, но вусшност бил господ.  “Стариот човек “им честитал и побарал нешто да го почастат, но момчињата го одбиле со вулгарни зборови. Господ многу се налутил и рекол нели ви е срам треба сите кукуљ да станете, според локалниот дијалект на населението. Така клетвата се фатила и сите биле скаменети односно скукуљени.

Доколку се одлучите да го посетите овој регион незаборавајте дека ова се само дел од мозаикот на убавините кои го нудат пијанечко-малешевскиот регион. Имајте на ум, со секоја прошетка во природата ќе добието многу повеќе од колку што барате.

Previous Post
Saint Gervais скапоцен камен на термалните бањи со скијање под Монт Блан
Next Post
Никогаш не е доцна да почнеш да се качуваш