Скијате во најдобро друштво и искусни водичи низ најдобрите ски центри во Франција.
Lа Plagne e дел од групата PARADISKI (Les Arcs/Peisey-Vallandry/La Plagne) гигантот на француските Алпи, едно од најдобрите француски скијалишта, подеднако омилено меѓу скијачите и бордерите. Многу простор за турно скијање, фрирајд и квалитетни испеглани стази. Неговите директни конкуренти на францускиот пазар се Val Thorens, Tignes – Val d’Isère па и затоа динамиката на неговиот развој е на високо ниво без простор за опуштање.
Според истражувањето на World Snowboard Guide, Paradiski (Les Arcs/Peisey-Vallandry/La Plagne) спаѓа меѓу најдобрите сноуборд дестинации, а секако едно од најдобрите ски зони во Франција. Lа Plagne бележи брз развој и денес заедно со Lеs Arc, спаѓаат во комплекс на еден од најголемите ски зони во Европа. Некој километар поголем од популарната тура која ја имаме во стандард програм Tignes – Val d’Isère.
Групата PARADISKI (Les Arcs/Peisey-Vallandry/La Plagne) располага со 425 км беспрекорно средени патеки, стандард за конкуретните француски центри на надморска висина од 1200 до 3226 м. за сите категории на скијачи, како и воодушевувачка панорама кон Монт Блан. Повеќе од 70% од ски патеките се над 2000 метри што е еден вид гаранција за добрите перформанси на снегот.
Само во својата база каде што сме сместени Lа Plagne располага со 225 км ски стази, ски населби богати со ApresSki содржии, бројни пабови, ресторани, продавници, боб стаза, снежни забавни паркови, спа зони и се што му прилега на модерен ски центар.
Paradiski низ бројки: 425 км скијачки патеки, 262 ски стази, 19 зелени, 130 плави, 78 црвени, 35 црни. 122 жичари, 958 снежни топови, 40 км турно скијање. Глечери, многу шумски појас, скијање од 1200 м до 3226 метри надморска висина, врвови над 3000 м и 70 % од скијалиштето е над 2000 метри.
Ски линкови со гондолата Les Arcs/Peisey-Vallandry–La Plagne за само 4 минути, спуст од 7,4 км од 2000 м висинска разлика од 3000м + врвот Aiguille Rouge до Villarogera, панорама од 360° со прекрасен поглед на Mont Blanc, спа центар Bains & Spa de La Plagne каде што задолжително планираме да се вариме во термални води и да уживаме во погледите на целиот ресорт.
FIRST MINUTE ЦЕНА: За уплата до 30-ти Септември 2024
Цените се дадени за пакет аранжман во eвра по лице. Плаќање исклучиво во денари според курсот 1€=62 мкд
Програма:
1 ден – петок, СКОПЈЕ – LA PLAGNE: Состанок на групата на паркингот кај спортската сала “Борис Трајковски” во 06:30 часот. Поаѓање за LA PLAGNE во 07:30 часот. Се патува преку граничниот премин Tабановце. Патување преку Србија, Хрватска, Словенија, Италија, со попатни паузи и гранични формалности. Ноќно возење.
2 ден – сабота, LA PLAGNE: Пристигнување во попладневните часови и сместување во апартманите. Слободно попладне за запознавање со местото. Ноќевање
3 – 8 ден LA PLAGNE: Шест дневно скијање во LA PLAGNE / PARADISKI. Ноќевање.
9 ден – сабота LA PLAGNE-СКОПЈЕ: Напуштање на собите до 10:00. Поаѓање за Скопје со попатна посета на еден од најголемите шопинг аутлет центри во Италија – VICOLUNGO, непосредно пред Милано. (Нема можност за заверување на Tax free на Хрватска граница поради долгата процедура која може да трае повеќе од 2 ч.)
10 ден – недела СКОПЈЕ: Пристигнување во попладневните часови.
Во цената е вклучено:
- Превоз со високотуристички автобус со LCD TV, DVD на релација Скопје – LA PLAGNE – Скопје
- 7 дневно сместување во одбрани студиа / апартмани според ценовникот во LA PLAGNE
- 6 дневен скипас за стазите на LA PLAGNE
- Туристички пратител за време на турата
Во цената НЕ Е вклучено:
- Задолжително патничко осигурување со вклучен додаток од спортски ризик 800 ден.
- Задолжителна Туристичка такса 15 € по лице за цело време на престој. Се плаќа во агенција.
- ESENTIAL Paradiski skipass: 35€ по особа за 425 км ски патеки плус бројни привилегии: Резервација задолжителна со пријава и уплата во агенција. Наша препорака!
- Постелнина и пешкири.
- Завршно чистење на апартманите.
- За ова патување важат Општите услови за патување на Нехар травел со Лиценца “А” бр.УЛ I 13-59, кои се составен дел на секој Договор за патување (освен отказните трошоции кои важат според наведеното за овој ски аранжман).
Важни завршни напомени
- Дадената цена е Пакет цена по лице во зависнот од бројот на лица и тип на сместување, за максимално даден број на лица во студио и апартман, за 7 ноќевања, 6 дневна стандардна ски карта и вклучен автобуски превоз.
- РЕЗЕРВАЦИЈА:
- Резервација за аранжманот е со задолжителна уплата од 12.000 денари по лице, остатокот се доплаќа НАЈДОЦНА до 02.Декември 2024. Можност да се плати на 6 рати без камата. Информации во агенција.
- Со самата резервација и платен депозит, странките добиваат Договор за патување со сите податоци за патувањето,типот на сместување, разни доплати како и Општи услови за патување.
- Уплатата може да се плати во готово или со кредитна/дебитна картичка, или вирмански преку банка.
- Постои можност да се спојат индивидуалните патници во повеќекреветно студио/апартман, како не би плаќале поскапо. Агенцијата може да посредува, но НЕ и да гарантира при ваквите случаи.
Затоа, дефинитивниот тип на студио/апартман и дефинитивната цена ќе зависи од бројот на лицата кои остануваат и типот на студиото/апартманот кој е одбран. Странките однапред се согласни за овие услови и наведени цени по лице, без право на откажување.
- Според Шенгенските правила, Македонски пасош мора да има важност од мин. 90 дена од денот на напуштање на Шенген зоната (датум на враќање во Скопје).
- За реализација на патувањето потребно е минимум 40 патници.
- Агенцијата не може да влијае на катност, поглед, локација или одреден објект. Тоа е во рамките на локалната агенција. Одредени желби на патниците, како за сместување во еден објект на повеќе студиа/апартмани, агенцијата ќе ги проследи до партнерската агенција, но не гарантира за исходот.
- Агенцијата го задржува правото за промена на цената доколку дојде до зголемување на цените на услугите ( гориво, сместување, ски пас ) за кои агенцијата не може да влијае.
- FIRST MINUTE цена важи до објавениот датум во ценовникот. После тој датум цената се зголемува за 50€ по лице, без оглед на тип на сместување.
- Патниците се должни 48 часа пред патување да го проверат часот и местото на поаѓање.
- Багаж: Секој патник може да понесе 1 личен багаж до 23 кг (куфер или торба), 1 пакет ски или борд опрема сместени во багажник на автобус и 1 мала кабинска торба/ранец за пат во автобус.
- Распоредот на седишта во автобус е според датумот на уплата.
- Агенцијата го задржува правото на отказ на аранжманот во случај на недоволен број на лица, најдоцна 5 дена пред тргнување. Во таков случај, уплатените средства во целост се враќаат исклучиво на трансакциска сметка на лицето кое уплатило, според законот за платен промет.
- Лицето кое има резервација должно е да ја уплати целосната сума на аранжманот најдоцна до наведениот датум (02.12.2024) Доколку лицето не ја изврши уплатата до крајниот рок резервацијата ќе биде автоматски откажана а уплатените средства како аванс ќе бидат неповратни.
ОТКАЗНИ ТРОШОЦИ:
- Откажување од патувањето може да се направи исклучиво по писмен пат, доставен до Агенцијата, со образложение за отказот. Отказните трошкови се во согласност со Отказните трошкови на локалниот партнер, на кои Агенцијата не може да влијае. Трошоци за откажување на патувањето кои се задржуваат:
- Од моментот на пријавување до 8 недели пред поаѓање: 20% од цената
- 8 – 6 недели пред поаѓање: 30% од цената
- 6 – 4 недели пред поаѓање: 50% од цената
- 4 недели и помалку пред поаѓање: 100% од цената
- Постелнина и пешкир: Од досегашното искуство, најповолно е секој да понесе свои. Во цената не се вклучени пешкир, постелнина, тоалет хартија, сапуни, шампон во студијата и апартманите, истите може да се изнајмат на денот на пристигнување по цена од: 14€ – единечна постелнина или 16€ брачна постелнина и 14€ за сет крпи (2 за купатило, 1 за под, 1 за кујна), по лице. Сет за чистење: 5€. Детско креветче 50€. Потребно е да се резервира и уплати за крпи и постелнина при резервација во агенција (подоцна неможе да гарантираме достапност).
- Депозит: Депозит (гаранција) за секое студио е задолжителен и изнесува: 350€ по студио за 4 лица или 400 евра по апартман за 4 лица. Се плаќа при пристигнување, непосредно пред сместувањето. Плаќањето е исклучиво со резервирање на средства во висина на депозитот од кредитна картичка (VISA или MASTERCARD). Депозитот на крајот од сместувањето се деблокира, доколку апартманот е вратен во првобитната состојба (чист, среден и без оштетени предмети), и гостите ќе го добијат блокираните средства наредните денови (најдоцна до 30 дена, во зависност од банката). Во случај на било какви оштетувања во студиото/апартманот при сместување, гостите се должни да достават писмена забелешка до локалната агенција во рок од 48 часови.
- Завршно чистење: Чистењето на апартманите не е вклучено во цената на аранжманот, па патниците се задолжени за средување на апартманот и доведување на истиот во иста состојба како пред сместувањето. Можно е да се организира чистење но со пријава и плаќање при пријавување.
- Цена за чистење: Студио за 4 лица:75€, Студио со кабина за 4 лица: 85€, Апартмани со 2 соби за 6 лица: 95€.
- Сите дополнителни услуги мора да се резервираат при пријавување во агенција и истите се плаќаат на лице место при сместување.
- Цената на депозитот и дополнителните услуги може да биде променета.
- ВАЖНА НАПОМЕНА: ПАТНИЦИТЕ ТРГНУВААТ ИСКЛУЧИВО ОД ПРЕДВИДЕНОТО МЕСТОТО НА ПОАЃАЊЕ ВО СКОПЈЕ, А ВРАЌАЊЕТО ОД ПАТУВАЊЕТО Е ПОВТОРНО ДО ИСТОТО МЕСТО ОД КАДЕ ШТО ТРГНАЛЕ ВО СКОПЈЕ. НЕ Е ВОЗМОЖНО ПРИКЛУЧУВАЊЕ НА ГРУПАТА ОД БИЛО КОИ ПОПАТНИ МЕСТА ВО ОДЕЊЕ, КАКО И НАПУШТАЊЕ НА ГРУПАТА НА БИЛО КОИ ПОПАТНИ МЕСТА ПРИ ВРАЌАЊЕ, НИТУ ПАК КОРИСТЕЊЕ НА АВТОБУСКИОТ ПРЕВОЗ САМО ВО ЕДЕН ПРАВЕЦ, СОГЛАСНО МАКЕДОНСКИОТ И ЕВРОПСКИОТ ЗАКОН ЗА ТРАНСПОРТ НА ЗАТВОРЕНА ГРУПА.
Повеќе детали околу сместувањето во студио и апартманите