Lara Gut со уште една победа во super-G четири за ред

Вести

Lara Gut-Behrami покажа класа на ски терените во GarmischPartenkirchen, Германија – уште еднаш во трка од super-G на Светскиот Куп. Победата за Швајцарката на захтевната патека Kandahar и е четврта за ред во дисциплината откако цели три години немаше извојувана победа.

“Понекогаш треба повеќе време да се состават сите коцки и не е многу забавно. Напорно се работи и се борите против се, а потоа некако после сета таа подготовка повторно тргаат работите во вистинска насока. И се е полесно и почнувате да уживате во тоа” изјави Gut-Behrami.

Со оваа победа Gut-Behrami се најде на трета позиција на вечната листа на скијачки со вкупно 16 победи во super-G зад Американката Vonn (28 победи) и Renate Götschl (17 победи) од Австрија.

Претходен написи
Попова Шапка од утре со поевтини ски карти
Следен напис
Водечката во спуст Goggia го пропушта главниот настан сезонава