Францускиот центар Les2Alpes спремен за летниот режим на работа

Вести

Францускиот ски центар Les2Alpes планира да стави во функција неколку ски лифтови на својот глечер од следниот викенд, сабота на 28-ми мај. Ова е прв пат Les2Alpes да отвори толку рано за летно скијање и сноуборд.

Les2Alpes, во регионот Isere на јужните француски Алпи, го има најголемиот глечер за скијање во Европа.

Компанијата за лифтови, SATA, изведува некои работи во паркот за снег, кој привлекува аматери, како и професионални возачи во текот на летните месеци. Изграден е бордеркрос за летни тренинзи на професионалци, помал бордеркрос за аматери и семејства, заедно со снежниот парк.

Оваа област покрај за скијачи е достапна и за пешаци, рекреативци. Les2Alpes ќе биде единствениот глечер во функција во Франција кој ќе работи до 15ти август.

На друго место низ Европа, на располагање се Hintertux во Тирол, Австрија и Zermatt и Saas-Fee Швајцарија, отворени цела година . Во моментов се уште се нуди скијање на глечерите во Kaunterall и Kitzsteinhorn во Австрија.

Претходен написи
Непалка е првата жена која 10 пати го искачи Еверест
Следен напис
„Љубовно писмо“ до планините на Грција