Лесото го афирмира скијањето во Африка години наназад

Вести

Додека Европа се поти на рекордните жештини, Африка скија. Благодарение на фасцинантната аномалија на Лесото, малотo планинско кралство целосно опкружено со Јужна Африка. Лесото е единствената држава на планетата каде секој сантиметар од територијата е над 1.000 метри над морското ниво. Поради тоа Лесото има снег во зимите на јужната хемисфера.

И додека студените зими не се ретки во јужна Африка, снегот, а и скијачките центри се многу поретки. На надморска височина од 3.000 метри, Afriski во планините Малути во Лесото е единствениот ски-центар во Африка јужно од екваторот.

„Никогаш не сум видел снег во мојот живот, ова е одлично искуство“ изјави посетител кој доаѓа од соседно место во Јужна Африка.

Снежниот парк Капоко на Afriski е единствениот снежен парк на континентот, а минатиот месец се одржа и редовниот годишен натпревар во соноуборд и скијање.

Можеби центарот Afriski не е на нивото на големите европски одморалишта, но љубовта кон зимските спортови е доволно голема. Во рестораните и баровите уште од утрина скијачите и бордерите ја покажуваат својата зимска мода и се забавуваат со музика и пиво в рака, а толпата што доаѓа на скијање во Африка е се поголема.

Претходен написи
The Sarenne Alpe d’Huez најдолгата црна класифицирана патека во Европа
Следен напис
Француски градоначалник ќе бара од алпинистите 15.000 евра за спасување и погреб