Liensberger ја престигна Shiffrin и го прекина 6 годишниот пост на Австрија

Вести

Katharina Liensberger го прекина полудеценискиот пост на женските скијачки од Австрија во слалом за конечна победа во саботата во дисциплината слалом на Светски Куп во Алпско скијање.

Liensberger ја победи Mikaela Shiffrin лидерката по првата трка за 0.72 секунди и изјави: “Се чувствував како да летам, од врвот до подножјето”. “Јас дадов се од себе. Ова е неверојатно. Кога нешто навистина го сакаш и ја насочиш сета своја енергија навистина можеш да го оствариш.”

Ниедна скијачка од Австрија немала победа на Светски Куп во трка од слалом се од Ноември 2014г наваму, кога за последен пат шампионката Nicole Hosp триумфираше во Aspen, Colorado.

Но Liensberger која зимава е златна во слалом на Светскиот Шампионат во Кортина пред три недели, има пропуштено слаломски подиум само еднаш сезонава. Нејзината доминатна победа во саботата потсети многу на таа од пред три недели кога доминираше пред двете големи ривалки.

Vlhova пак која заврши дури на 8ма позиција на првото возење едвај се додржа на скии и со 2.95 секунди заостанување на 27-мо место едвај остана во конкуренција за втората трка во круг од 30 натпреварувачки. Таа ја загуби рамнотежат на петта капија и со акробатски потег и едната нога во вис успеа да се врати на следната капија, но со големо заостанување. Сепак и надвор од конкуренција за подуимот беше со најдобро второ возење за да искачи во топ 10 резултати знаејќи дека нема што да загуби.

Швајцарката Wendy Holdener ја заврши трката на трето место со 1.65 секунди заостанување додека сонародничката на Shiffrin, Paula Moltzan заврши петта со најдобро време во кариерата.

Скијачка од Швајцарија Mélanie Meillard се тестираше позитивна на COVID-19 по трката во петокот заврши во карантин, но нејзините сонароднички од тимот беа одобрени поради негативни тестови пред стартот на трката за сабота наутро.

Сега имаме отворен резултат и тоа со Влхова на челна позиција и 22 поени предност пред ЗА ТИТУЛАТА ВО СЛАЛОМ додека Shiffrin заостанува со 37 поени на трето место. Една победа на Шифрин и трето место на Vlhova и ја носи тутлата на Американката. Додека пак со второ место Vlhova e победник.

Последната трка е следната Сабота во Lenzerheide, Швајцарија.

“Единствено нешто што може да очекувате е навистина неверојатна возбуда и шоу,” изјави Shiffrin, “Kathi и Petra се и двете многу јаки, а ни јас не сум исфрлена од игра што е мало изненадување после победата на Vlhova во петокот.” изјави американката.

Vlhova која годинава се бори и за титула во генерален пласман, лани ја освои титулата во слалом по 6 годишна доминација на Shiffrin која пак не ја заврши сезоната од семејни причини.

Напомена: Vlhova може да ја заработи титулата во генерален пласман со освоени втори и трети места до крај на сезоната. Иако лидерката Lara Gut-Behrami се натпреварува во super G и спуст сепак Vlhova има и тежок дуел со Shiffrin во трка за титулата во слалом.  

Претходен написи
Монт Еверест повторно ќе се отвори за првите алпинисти по пандемијата
Следен напис
Многу возбудa викендов под рефлекторите во Åre
Мени