МАИСС обуки за ски и сноуборд инструктори

Вести

Македонска Асоцијација на инструктори за снежни спортови МАИСС, организара почетни обуки за скијачи и сноборд инструктори, ниво 1 и напредно ниво 2. Пријавувањата се при крај , а предавањата започнуваат на 17 ноември за скијање и на 19 ноември за сноуборд.

Обуката опфаќа теоретски и практичен дел, а кандидати кои сакаат да го проследат лиценцирањето и да станат инструктори за скијање или сноуборд пријавувањето е на следните линкови НИВО 1 и НИВО 2.

Почетниот семинар ниво 1 изнесува 3600 денари кои можете да ги платите на 3 рати, а за ниво 2 чини 1200 денари.

МАИСС е членка на Скијачка Федерација на Македонија, задолжена да се грижи за едукацијата на инструкторите во снежните спортови. МАИСС е рамноправна членка на IVSS– INTERSKI International и членка (набљудувач) на ISIA– INTERSKI International.

За повеќе информаци МАИСС можете да ги контактирате на info@maiss.mk

Претходен написи
Додека ние се мислиме регионот стартува со скијање
Следен напис
Владата упорна во продажбата на Попова Шапка може ли поинаку?