Македонија со преставник на Eiger Ultra Trail 250 км

Вести

Малкумина железни се привилегирани да бидат дел од оваа трка. Македонскиот натпреварувач Тони Манев е меѓу нив со 250 километарски предизвик! Денес, 17-ти јули, ултрамаратонецот Тони трча 250 км низ Швајцарија. „Eiger Ultra Trail by UTMB“ е една од најдолгите трки во Европа, со искачување од 18.000 метри на Алпите.

За да учествува на оваа трка, Тони ги исполни сите критериуми и ги собра сите поени, од успесите на неговите претходни натпревари.
А, како еден од најголемите негови успеси ја издвојуваме трката во 2023 година во Крањска Гора, каде што Манев истрча 177 км.

Линк за следење во живо

Претходен написи
Со патики на планина да или не?
Следен напис
Охрид двојно да ги зголеми цените на услугите и око да не му трепка