Македонска скијачка опсада на глечерот Хинтертукс

Вести

Додека мнозинството граѓани се окупирани со мислите околу европското фудбалско првенство, а многу од нив и со мислите на плажа, македонските скијачки клубови ја тераат својата сериозна агенда.

Во организација на три скијачки клубови, алпскиот скијачки клуб Скади, клубот Полар и Фокс во тек е реализација на јунски скијачки камп на глечерот Хинтертукс во Австрија. Три тренери и дваесет и две деца тренираат на студените алпски скијачки терени.

merino wool base layers

Хинтертукс е главна летна тренинг база на македонските скијачи јуниори и сениори, или барем за оние кои имаат намера сериозно да се посветата на добри резултати, во алпско скијање или сноуборд .

Покрај унапредување на скијањето и спортските резултати , најважно за младите деца е градење на добра култура на живеење, спортски здрави навики, дисциплина и зголемена социјализација во реалниот свет и природа, подалеку од комјутерите и стерилното дигитално опкружување.

Претходен написи
Угоре високо, удолу полно со градежен отпад
Следен напис
Интересни факти за Монт Еверест
Мени