Изминатата недела беше триумфална за македонските скијачи, кои со фантастични настапи и борбен дух се издвоија на меѓународните FIS натпревари во Црна Гора, Бугарија и Австрија. Со врвни резултати, техника и посветеност, тие уште еднаш покажаа дека Македонија има силен потенцијал во зимските спортови.
Колашин, Црна Гора – 12-15 март
Виктор Петков издвои низа одлични настапи, освојувајќи врвни пласмани на државното првенство и FIS натпреварите.
12 март – 4то место (96.62 FIS точки, слалом – државно првенство)
12 март – 3то место (77.08 FIS точки, слалом – FIS натпревар)
13 март – 3то место (78.39 FIS точки, слалом – државно првенство)
13 март – 2ро место (85.06 FIS точки, слалом – FIS натпревар)
14 март – 1во место (79.14 FIS точки, велеслалом – државно првенство)
15 март – 1во место (85.48 FIS точки, велеслалом – државно јуниорско првенство)
Боровец, Бугарија – 17 март
Во дисциплината слалом, Мирко Лазарески се закити со 2ро место и 50.97 FIS точки, додека Виктор Петков заврши на 4та позиција со 67.53 FIS точки, со што го потврдија својот квалитет на снежните патеки.
Глунгезер, Австрија – 18 март
Јана Атанасовска оствари одличен настап, завршувајќи на 12то место во слалом со 30.56 FIS точки, покажувајќи техничка стабилност и борбеност на комплексната патека.
Веинебене, Австрија – 20 и 21 март
Атанасовска продолжи со одлични резултати, освојувајќи 3то место во слалом со 30.77 FIS точки, докажувајќи дека е во одлична натпреварувачка форма.
Најголемиот триумф пристигна само ден подоцна, кога Јана доминираше и го освои 1то место со 25.02 FIS точки, оставајќи ја конкуренцијата зад себе и заокружувајќи ја неделата со фантастичен успех.
Со вакви успеси, иднината на македонското скијање е светла, а патот кон нови победи е отворен!