Македонското село од туристичка дестинација до „Старт ап село“ инкубатор

Вести

Македонија да стане регионален акцелератор за старт ап, а поранешнaтa туристичка дестинација  „Македонско село“ инкубатор за младите претприемачи од земјава и странство, без обврски да плаќаат режиски трошоци, дел од плановите што Владата.

Плановите се со воведувањето на акцелераторот во рок од шест месеци од објавата на првиот повик, да се прошири опфатот на апликанти и на земјите од Западен Балкан, а со соодветни критериуми за аплицирање, да се стимулира поврзувањето на бизнис идеите од повеќе земји од регионот и да се прошири „стартниот“ пазар од 2 на 17 милиони потрошувачи.

Со цел да се поттикне претприемачкиот и иновативниот дух кај младите, Владата планира искуството од идејата „Македонско село“ да прерасне во „Старт ап село“ да се примени и во пет градови низ државата со можност за co-working на посебни државни локации.

Претходен написи
Како изгледа новата uphill патека на Водно
Следен напис
Во Маврово реализирана првата хронометар велосипедска трка
Мени