Малолетници спасени заглавени во рамкие на ски центарот Попова Шапка

Вести

Вчера во 15:35 часот во СВР Тетово било пријавено дека две малолетни лица од Скопје се наоѓале во објект кај ски-лифт на Попова Шапка и поради густата магла и силен ветер не биле во можност да слезат.

Полициски службеници одделение Попова Шапка во содејство со ратрак излегле на местото и околу 16.20 часот малолетниците биле пронајдени, прифатени и доведени до центарот на локалитетот во добра здраствена состојба, велат од МВР.

Претходен написи
Реткa мачкa откриенa на Монт Еверест
Следен напис
Пронајдени четворица исчезнати на Кожуф