Маврово со намалени цени на крајот на сезоната

Вести

Ресорт Маврово овозможува да доживеете поинаква зимска приказна. Условите за скијање се одлични. Многу снег, добри температури и уште повеќе сонце. Се повеќе луѓе од земјава и странство, уживаат во идличните снежни услови кои ги нуди планината Бистра.
Ресорт Маврово ја намали цената на дневната карта за скијање на 600 денари. Исто така, за оние кои немаат опрема за скијање, за само 900 денари дневно ќе може да уживаат на падините на Маврово. Во оваа цена е опфатена дневната ски карта и изнајмувањето на
скијачката опрема. Ресорт Маврово одлучи оваа понудата да важи до крајот на скијачката сезона.

Претходен написи
Руски планинари сè уште одат на Еверест
Следен напис
Попова Шапка студено време и поевтини карти