Мавровски Меморијал поради немање снег се одржа во Покљука Словенија 

Вести

60-ти Мавровски Меморијал, најстарата манифестација во нордиско трчање на Балканот, поради немање снег се одржа во Покљука (Словенија). На овој натпревар македонскиот преставник Ставре Јада стигна до третото место на трката од 10 км.

“Првиот ден имавме трка на 7.5км конкуренција мажи слободен стил и го зедов 11-тото место што е можеби најлошо во последниве 2-3 години на Мавровскиот меморијал за мене. Додека денеска односно вториот ден 08.03 Март се одржа трката на 10км конкуренција мажи слободен стил и го зедов одличното 3-то место за кое и тоа како сум задоволен од ова место и подиум. Ми требаше една ваква трка и подиум и го сторив тоа.Трката се трчаше во 4 круга по 2.5км, од самиот старт бев во борба со останатите конкуренти од Бугарија, Србија, Босна, Хрватска, Црна Гора, Словенија, Унгарија и Грција, во последниот круг добив информација од мојот тренер Борче Јованоски дека сум во борба за 3то место, и тогаш можам да кажам дека ги вклучив моторите и на крај успеав да стигнам до 3-место. ” ” изјави нордиецот Ставре Јада.

Претходен написи
Дел од македонските туроператори ги промовираат можностите на Македонија на саем во Берлин
Следен напис
Македонија на подиум од Freeride World tour qualifier натпреварите