Mikaela Shiffrin ја врати доминацијата во Flachau со победа по година за место во клубот 100!

Вести

Американката по 100-ти пат во кариерата се искачува на подиумот од Светскиот Куп.

Mikaela Shiffrin со прва победа во слалом по 13 месеци на ноќна трка во вторникот под рефлектори во Flachau, Австрија. Скијајќи под лесни снежни врнежи, американката која е трикратен севкупен шампион за 0.19секунди победи пред домашната скијачка Katharina Liensberger. Shiffrin имаше одлична прва трка на патеката Hermann Maier, а силно настапи и во второто возење со предност пред второпласираната Katharina Liensberger.

Швајцарката Wendy Holdener, која заврши наподиумот во сите четири слалом трки сезонава заврши на трето место а Petra Vlhova од Словачка која ја освои титулата во слалом минатата сезона заврши ван подиумот на четврто место.  

Американката завршува на подиумот во сите осум учества на оваа трка, а притоа оствари рекордна четврта победа овде. Со ова Shiffrin достигна до 44 победи во слалом трка на Светскиот Куп!

Да биде настанот поголем за Shiffrin, со остварената победа дојде до 100ти подиум во кариерата на Светскиот Куп и влезе во елитно друштво од само осум скијачи кои го повториле овој успех во 54годишната историја на Светскиот Куп.

Во овој клуб од жените се уште и скијачките легенди: Lindsey Vonn (137 подиуми), Annemarie Moser-Proell (114 подиуми), Renate Goetschl (110 подиуми) и Vreni Schneider (101 подиуми).

Претходен написи
K2: Хаос во Камп 2
Следен напис
Ексклузивно од К2: Извештаи на Алекс Гаван од базниот камп