Невообичаено отворање на новата сезона без aмериканската шампионка Mikaela Shiffrin

Вести

Двократниот Олимписки шампион Mikaela Shiffrin ја залечува повредата на грбот, а најдобрите американски скијачи треба да се прилагодуваат на новите правила за патување и тренинг заради пандемијата, а со почетокот на ФИС Светскиот Куп во Алпско скијање во Soelden со велеслаломот. Најголемата ѕвезда на спортот и лидер на тимот на САД по повлекувањето на Vonn и на Bode Miller е токму Shiffrin. Како трократен победник на купот веќе девет месеци не се натпреварува и се повлече од трката во Soelden заради повреда на тренинг. Бидејќи повредата не се смета за сериозна се очекува набрзо да се врати.

Распоредот на Светскиот Куп нема вклучува трки од Северна Америка. Најголем дел од трките се возат во Европа за да се лимитира потребата од често патување. Shiffrin која доминира изминатите неколку години во спортот по повлекување на легендарната Американка Lindsey Vonn, сепак ќе има доста предизвици да надмине бидејќи за прв пат пропушта почеток на сезона од 2011г наваму.

“Ќе биде интересно,” изјави Jesse Hunt, директорот за алпско скијање во тимот на U.S. Ski & Snowboard. “Секако ќе биде ова за сите наши натпреварувачи еден голем предизвик сезонава со новите услови и периодот на адаптација. Но доволно трениравме летово за да го спремиме тимот за натпреварувачката сезона. Така е во спортов мислам дека, се случува. Нешто ќе изместиш или истегнеш, се враќаш дома да се опоравиш малку и да постигнеш форма и се спремаш да се вратиш назад. “Сите сме возбудени за сезонава”.

Американките очекуваат повраток и на натпреварувачката во спуст Breezy Johnson, која залечи повреди на двете колена додека пак  кај мажите го имаат Ted Ligety кој има олимписко злато а кој на 36г целосно се опорави од скрешница на зглобот летово на тренинг и ќе скија по 12ти пат во кариерата на Solden на веле слаломот. Олимпиецот Tommy Ford кој лани има една победа во веле слалом исто така се очекува да има интересна сезона.

Претходен написи
Marta Bassino победничка на отворањето во Soelden
Следен напис
Голем потенцијал Lucas Braathen со златен првенец