Викендов ноќно скијање во Маврово

Вести

Викендов, петок 5 февруари и сабота 6 февруари едноседот во Маврово ќе биде оперативен за ноќно скијање.

Стазата ќе работи од 19 до 22 часот, а цена на ски карта изнесува 650 денари за возрасни од 24 до 70 години, 500 за деца до 13 години и 550 за млади од 14 до 23 години.

Патеката е со среден квалитет, внимавајте на ледени блокови. Бистра ја очекува претежно сончево време со слаб до умерен ветар. Температура во вечерните часови до +2°.

Претходен написи
Ски амбиент Попова Шапка
Следен напис
Кој ве чува на Пелистер ски центар Копанки
Мени