Нова патека на Водно!

Вести

Викендов планинарската федерација на Македонија, заедно со членови од локалните планинарски клубови, поставија вертикална сигнализација на новата планинарска патека „Феникс“ на јужните падини на Водно. Овие активности се дел од Славков проектот – Маркирање на планинарски патеки низ Македонија 🇦🇹🇨🇿🇸🇰 , со поддршка од Амбасадата на Чешката Република.

Патеката „Феникс“, која започнува над Долно Соње, ќе биде целосно обележана до крајот на август 2025 година, нудејќи им на љубителите на планините јасно дефинирана рута за истражување. Ги охрабруваме сите да ја посетат и да уживаат во прекрасните погледи долж патеката и убавите планински сртови во позадина.

Во меѓувреме, продолжува освежувањето на маркациите на останатите патеки на Водно, како и замена на уништените патокази.“

Претходен написи
ПроШарај 2025 – Попова Шапка