Новогодишен Базар Попов Шапка

Вести

Бајковитата снежна Шара повторно нѐ повикува! 🏔️✨
Ве покануваме заедно да го прославиме крајот на 2023 со новогодишен базар во Конак. Како и на минатиот, на овој базар ќе имате можност да купите новогодишни подароци за вашите најблиски од македонски брендови и творци на уникатни рачни изработки и дела. 🎅

Ве чекаме во Конак да уживаме заедно со топол чај, греено вино, ракија и топла атмосфера со убава музика, за која ќе се погрижат @manojlovv @djcapee @sam_e_sam_ ✨

Една од нашите мотиви и цели за настаните на Шар Планина е да им овозможиме на нашите најмили едно поинакво искуство на Шара🏔️.

За таа цел овој пат решивме новогодишната магија ✨ да ја збогатиме со детска работилница за изработка на новогодишни лампиони од волница 🌟🎄.

На наше огромно задоволство оваа работилница ќе ја водат нашите драги пријатели од @thecrochetdream, а домаќини ќе бидат повторно нашите драги @konakpopovashapka 🍀

Со нетрпение се радуваме и ја очекуваме детската новогодишна работилница 🎅

Претходен написи
Снежен утрински амбиент како е низ Македонија
Следен напис
Еве го најевтиното скијање во Европа годинава