Ова е прва година и прво учество на македонски преставници во скијање и сноуборд во рамките на најекстремното натпреварување од зимските спортови Freeride World Tour на Qualifier евентот во Банско, Бугарија.
Константин Графвалнер (21), Македонец роден во Германија, неофицијално беше дел од македонската екипа која за првпат се натпреваруваше на екстремните Freeride World Tour / Qualifier евентот во Банско, Бугарија. Константин, го освои петнаесеттото место во конкуренција од над 33 натпреварувачи во класата, скијање мажи.
Златко Златко (28) учествуваше во категоријата сноуборд мажи, каде со својот храбар настап и избор на линија во еден од најтешките и најатрактивните делови од теренот успеа од старт да ја крене публиката во овации и аплауз, но при опасен пад при крајот на патеката ги изгуби повеќето бодови.
@skimacedonia учеството на натпреварите го реализираше благодарение на нашите технички соработници и рекламни партнери. Како што изјави бугарскиот директор на трката на главниот прес “Без нив не можеме ништо, можете да ги тагнете, ако ги знаете лично тагнете ги два пати” 😁
A1 | Anhoch | Halk Bank Skopje | Peko | AutomotiveGroup | Nehar Travel | Woolona