Швајцарското село Блатен делумно уништено откако огромен дел од глечер се сруши во долина. Селото беше евакуирано пред неколку дена поради страв од уривање на глечерот Берч.
Многу куќи беа целосно срамнети со земја. Градоначалникот на Блатен, Матијас Белвалд, изјави дека „се случило незамисливото“, но дека селото сè уште има иднина. Локалните власти побараа поддршка од единицата за помош при катастрофи на швајцарската војска, а членови на швајцарската влада се на пат кон местото на настанот.
300-те жители на селото мораа да ги напуштат своите домови на 19 мај откако геолозите што го следат подрачјето предупредија дека глечерот изгледа нестабилен. Некои од нив можеби никогаш нема да можат да се вратат во селото.
„Го изгубивме нашето село, но не и нашето срце. Ќе се поддржуваме и ќе се тешиме едни со други. По долга ноќ, ќе осамне утрото“ коментираше градоначалникот Белвалд.
–