Охрид двојно да ги зголеми цените на услугите и око да не му трепка

Вести

Колку бистри езера има Европа? Колку од тие бистри езера имаат илјадници години историја?

Илјадници години историја, бистро езеро, прифатливи летни температури, пливање, забава на вода, планинарење, велосипедизам, скијање во зима, хармонија на пејсажи бои, мир, свежина и чист воздух. И вие тоа сакате да го плаќате со 20 евра кревет, 3 евра кафе , 5 евра плескавица ? Епа не може!

Не може тој народ, тие гости што расфрлаат ѓубре, гости што прават разно разна бучава, паркираат каде сакаат, сметачи во културното творештво на градот. Не може оние што го гаматат езерото, оние што мислат дека езерата и реките низ Македонија се тоалет каде ништо не значи нивниот жолт придонес во еко системот. Не може Охрид да ги угостува тие гости. Тие гости не се гости, тоа се узурпатори на културниот простор и непотребен притисок врз еко-системот на регионот.

Охрид треба да има посебна туристичка такса, посебно ддв кое ќе се реинвестира во развој на градот и околината.

Охрид не може да има илјадници згради, расипан колектор, оптоварена електрична мрежа, затнат водовод и канализација од наплив на илјадници возила и туристи. Охрид со масовен туризам е само лоша слика за севкупното лице и имиџ на Македонија.

Скапи биле лежалките? Знаете ли регионално на плажи во Црна Гора, Хрватска или Грција дека лежалките чинат по 100 евра и повеќе? Знаете ли какви гости доаѓаат таму на тие локации? Луѓе плаќаат за празна и тивка плажа. Дали е разумна споредбата и натпреварот меѓу регионалните мориња или ни треба натпревар и да учиме од езера и туристички локации од типот на Женевско езеро, езерото Комо? Колку е кафе таму знаете ли?

Тоалетите во скап ресторан биле нечисти, прљави?! Тоа значи дека ресторанот не бил доволно скап што дозволил такви индијанци да му бидат гости.

Сите што им сметаат цените во Охрид, токму тие или многумина од нив се оние кои немаат трошка почит кон оваа дестинација, шират ужасна некултура и во корелација со преоптеретениот угостителски сервис на градот создаваат лоша слика и ништо повеќе.

Претходен написи
Македонија со преставник на Eiger Ultra Trail 250 км
Следен напис
Македонија преку Anhoch доби ексклузивен технолошки ИТ, гејминг и аудио супер центар!