Планинарите кои го искачуваат Монт Блан ќе мора да имаат задолжителна резервација во планинарските домови

Вести

Планинарите кои планираат да го искачат Монт Блан во иднина ќе мора резервираат престој во едно од попатните одморалишта, планинарски домови.

Ваквата одлука е донесена од одговорните на Горна Савоа, Пјер Ламберт, со цел да се избегнe пренатрупаноста на одморалиштата, безбедносните проблеми, а понекогаш и антисоцијалното однесување и прекршување на јавниот ред.

Искачувањето од врвот по вообичаената патека за огромно мнозинство на планинарите, подразбира најмалку едно преноќување во некоj од планинарските домови, што често предизвикува проблеми поради нивната преполнетост.

Ламберт нагласи дека пренатрупаноста во објектите за сместување, води до безбедносни и здравствени ризици, посочувајќи на неколкуте инциденти со физички закани кон чуварите на одморалиштата.

Новата мерка веќе е на сила и ќе важи до 29 септември, односно во периодот на екот на сезоната на искачување на Мон Блан.

Ламберт информира дека за ноќевање надвор од одморалиштата, односно за кампување во заштитената зона предвидени се две години затвор и парична казна од 300.000 евра. Спротивставување на лицата одговорни за спроведување на оваа одлука ќе се казнува со до две години затвор и 30.000 евра парична казна за поединци и до три години затвор и 45.000 евра за учесници во насилна група.

Мон Блан годишно привлекува по околу 25.000 планинари.

 

Претходен написи
Докторите низ студии докажуваат како планинарењето го менува мозокот
Следен напис
Реализиран балканскиот велосипедски Пелистер Downhill Cup
Мени