Подвиг надвор од мерилата, Килијан Џорнет ги искачи сите 82 врвови од 4.000 метри на Алпите без никаква механичка поддршка – возење велосипед од масив до масив ,за само 19 дена.
Мистични бои, изгрејсонца, зајдисонца, временски прилики и неприлики, повреди, болки, страдање, тотална тишина, стрмните и колосални погледи ќе останата засекогаш како ехо во мислите за овој енормен еп!
„Ова , без никакво сомневање, најпредизвикувачкото нешто што сум го направил во животот, ментално, физички и технички, но можеби и најубавото“, напиша Џорнет на социјалните мрежи.
Килијан отворено не призна дека се обидува да собори рекорд, но неговиот 19-дневен еп го сруши претходниот лимит на искачување поставени од Уели Штек. Штек овој предизвик го заврши за 62 дена во 2015 година.