Пола метар снег и скијање низ цела Македонија

Вести

Новиот влажен и студен бран донесе нови радости снег кој покрај на планините, се појави и на пониските места. Најизразено во западните и северните делови од државава. Снежна покривка низ ски регионите се движи од 30 до 50 см.

Дува умерен до засилен ветер од северен правец, а од среда очекуваме поголемо разведрување.

Оперативни ќе бидат повеќето лифтови во Маврово и на Попова Шапка. Се очекува скијањето да се реобнови и на Пониква, Крушево и Пелистер. За панорамски прошетки ќе работат двосед жичарите во Крушево и Копанки Пелистер.

Царевец-Маврово
Претходен написи
Vlhova го оствари националниот сон стигна до титула Светскиот Куп
Следен напис
Нижеполе со ноќно скијање