Полски турист се здобил со повреда на Матка

Вести

Полски турист се здобил со повреда од помал одрон на патот кај Матка после браната. На линијата за итни случи 112 денеска во ЦУК добиле пријавата за одрон на патот кај Матка. Секторот за операции и координација на ЦУК спровел акција за згрижување повреден турист од Полска и за преземање мерки за безбедност, бидејќи имало опасност од други одрони, а и за расчистување на одронот во тој локалитет. Повредениот 45-годишен турист од Полска веднаш со Итна медицинска помош е префрлен на скопските клиники.

ЦУК веднаш го известил раководителот на ЈП „Улици и Патишта“ на Град Скопје за нивна интервенција за расчистување на теренот. Одговорот бил дека надлежност за тој пат има Македонија Пат и самата Општина Сарај под кои субјекти се наоѓа дадениот локалитет. По остварените комуникации, ЦУК добиле одговор од Македонија Пат дека според дадените координати тој пат не е под нивна надлежност туку под надлежност на Општина Сарај.

Телефонски контакт е остварен и со комуналниот инспектор на Општина Сарај на кој му е пренесена информацијата за надлежностите, поточно дека ниту ЈП „Улици и Патишта“, ниту Македонија Пат имаат надлежност за негово расчистување и дека тој пат е под ингеренција на Општината. На лице место имало и припадници од полицијата.

Претходен написи
Мечка беше спасена од нехумани ловци под Пелистер
Следен напис
Американски планинар се искачи на „тројната круна“ на Еверест