Попова Шапка надополнета со нова инфраструктура

Вести

Центарот доби два нови објекти бачила, едното кај лифтот Тетекс, другото на лифтот ГЕ ,нови тоалети , реновирани билетари , зголемена површина под рефлектори за ноќно скијање , осветлувањеод Аеродром до двосед Церипашина, поправени се оштетените столбови на двосед Церипашина, оптичка мрежа до сите лифтови за подобро читања на ски карти, обезбеден посебен простор за пешаци, нови пристапни скали, реквизити и макети за забава.

Попова Шапка следната година добива и снежни топови, или барем така се најавува.

Деновиве, директорот на Елем Турс, Адем Авзиу се сретна со преставници на Demaclenko на кои им беше презентирана состојбата и намерите за потребата од систем за вештачко заснежување на терените на Попова Шапка. Планот е центарот да добие систем за вештачки снег веќе следната година.
Дел од оваа високо-технолошка индустриска групација на Demaclenko се и Leitner опрема за жичари и гондоли како и Prinoth машини за обработка на снег.

Претходен написи
16 биатлонци го откажаа учеството на светски и европски купови заради формирање на нова федерација
Следен напис
Вo февруари стартува бројот 112