Популарната fb група Патување низ Македонија чекор понапред

Вести

Од неодамна нашата организација која се бави со споделување туристички информации пред се околу скијањето и планинарството, ски дестинации , склучи соработка со Facebook групата Патување низ Македонија

Една од најпопуларните Facebook групи која брои околу 150.000 (стопедесетилјади) членови ќе придонесе и помогне за афирмација низ социјалните мрежи на сервисите кои ги одржуваме и користиме кога сакаме да патуваме во некој од ски регионите, конкретно вебкам и метео сервисот, како и можноста да видите кои лифтови и ски патеки се оперативни.

Инаку Патување низ Македонија служи за размена на патувачки информации и туризам. Нејзината главна идеја е споделување интересни слики и информации за објекти/градови/села/географски феномени и места, кои би ги препорачале на луѓето да ги посетат, независно дали се познати туристички дестинации или не.

Можете да пронајдете и споделите податоци за местата во Македонија, информации каде да најдете добар ресторан, убаво место за релаксирање, плажа или одмор на планина, патни информации и тн.

 

Претходен написи
Мал број од северноамерикански центри активни
Следен напис
Планини во минијатура – масивот LEGO Mont Blanc