Од денеска повторно е пуштена жичницата од Средно Водно до Милениумскиот крст на Водно. Жичницата не работеше од лани во март. Како што велат од ЈСП „Скопје“, изработен е протокол за работа според кој во една кабина ќе може да се возат само 4 лица, што е половина од капацитетот.
- Изминатиов период се завршени сите неопходни процедури за пуштање на жичницата во функција од технички и безбедносен аспект. Во изминатиов период направен е редовен годишен преглед од овластена институција, мониторинг од Државен инспектор за жичници, како и редовен технички преглед. Жичницата е повторно функционална и скопјани можат да ја користат -изјави директорот на ЈСП Иван Илиевски на денешната проверка што ја изврши заедно со градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска.
Воедно во оптек се пуштени и трите автобуски линии до Средно Водно (25, 25А и 25Б). За градоначалничката Арсовска жичницата е неопходност за скопјани.
- Долго време жичницата не функционираше, но веќе од денеска сите граѓани повторно можат да ја користат. Воедно пуштени се и трите автобуски линии до Средно Водно – истакна градоначалничката на Скопје.
Од сабота ќе бидат пуштени и бесплатните автобуски линии 25А и 25Б кои ќе возат до Средно Водно, а беа воведени со цел да се дестимулира одењето со коли на планината.
Согласно со протоколот на Комисијата за заразни болести во кабина е дозволено да се превезуваат максимум 4 лица, односно искористеност на 50% од вкупниот капацитет на кабината, каде што патниците треба да носат заштитна маска. Во текот на денот ќе се врши дезинфекција на внатрешноста на кабините. Жичницата ќе работи секој ден, освен секој понеделник и последниот вторник во месецот. Автобуските линии за време на викенд и за државни празници се бесплатни за сите категории патници. Дозволен е превоз на домашно милениче куче со мал/среден раст и превоз на куче/придружник на лицата со хендикеп.
Возен ред за месеците – од Ноември до Март
Ride schedule for months from November to March
Работно време од 10:00 – 17:00часот
Неработни денови – понеделник и секој последен вторник во месецот.
Working hours from 10:00 – 17:00
Non working days Monday and last Tuesday in the month.
Ефективно работно време во работни денови:
Effective working hours in working days:
- 10:00 – 10:30 Часот
- 11:00 – 11:30 Часот
- 12:00 – 12:30 Часот
- 13:00 – 13:30 Часот
- 14:00 – 14:30 Часот
- 15:00 – 15:30 Часот
- 16:00 – 16:30 Часот Последно Возење Од Доле Нагоре.
Last ride up.
16:45 Последно возење од горе надолу.
Last ride down